Египетскиот крилен напаѓач Мохамед Салах потпиша двегодишен договор со турски Трабзонспор, објавија неколку релевантни турски медиуми.
Поранешниот играч на Ливерпул, годишно ќе заработува 17 милиони евра, а платата со бонуси може да достигне до 22 милиони. Салах исто така ќе добива 20 проценти од продажбата на дресови со неговото име.
Салах го напушти Ливерпул ова лето по девет години, во кои стана еден од најголемите играчи во историјата на клубот од „Енфилд“.
Со „Црвените“ ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Лига Купот, Светското клупско првенство и бројни индивидуални награди.
34-годишниот напаѓач одигра 442 натпревари за Ливерпул во претходните девет години со учинок од 257 гола и 123 асистенции.
Foto/ Depositphotos