ЈП „Комуналец“ Битола за настанот со снимателот: Станува збор за неовластено влегување во објектот


depositphotos_164600368_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во врска со информациите дека телевизиска екипа била задржана на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, не му било дозволено снимање и како што тврдат била одземена опрема, како Јавно претпријатие „Комуналец“ кое е одговорно за овој објект ја информираме јавноста дека станува збор за неовластено влегување во објектот, без најава дека телевизијата има намера да изврши снимање внатре во објектот, соопшти претпријатието.


„Како јавно претпријатие никогаш не сме забранувале снимање на објект од јавен карактер, но секогаш по претходна најава за барање за снимање и легитимирање на лицата, односно претставниците на медиумите. Имено, во текот на денешниот ден, неовластено лице кое подоцна се претстави дека е снимател во локална телевизија влезе од влез за товарни возила каде што несмеат да влегуваат лица без никаква претходна најава во просториите на стадионот „Петар Милошевски“ и започна со снимање на просторот. Истото лице беше предупредено дека нема никаква најава за снимање на затворен простор во стадионот и беше повикано во просториите“, се наведува во соопштението.

ЈП „Комуналец“ Битола ги демантира наводите дека им била одземена опремата за снимање и имало контакт со истото лице, што, како што велат, може да се провери и во полицискиот записник кој подоцна беше даден од службата на обезбедување.

„Исто така ги демантираме наводите дека им беше забранет излезот на снимателот, само му беше посочено дека несмеат да влегуваат во просторот без претходна најава кај службата за обезбедување преку влезот кој не е наменет за лица, туку за товарни возила. На крај сакаме да истакнеме дека како јавно претпријатие ја почитуваме работата на новинарите и снимателите и секогаш сме биле отворени за соработка и сме транспарентни“, пишува во соопштението.

Претходно од ЗНМ побараа од МВР и обвинителството итно да постапат по настанот.

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK