Стабилна состојбата во Гостивар, уверува Министерството за здравство


gostivar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.


Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи.

И покрај дневното зголемување, како што велат од Министерството, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога биле регистрирани вкупно 649 прегледи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK