Барселона му „фрли око“ на Павлидис


depositphotos_852242374_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Барселона сè уште бара замена за Роберт Левандовски, а потенцијално решение може да биде напаѓачот на Бенфика, Вангелис Павлидис.


Шпанските медиуми блиски до Барселона објавуваат дека клубот е сериозно заинтересиран грчкиот репрезентативец.

Тој имаше одлична сезона со 30 гола и шест асистенции во 53 натпревари. Сепак, Бенфика нема намера да го продаде освен ако не добие понуда „што не се одбива“.

Се наведува дека веќе побарале од Јувентус 40 милиони евра, што е веројатно сумата што Барселона би морала да ја плати за да започне сериозни преговори.

Гркот очигледно би бил резерва во системот на Хнаси Флик, а Каталонците ќе мора да бараат уште еден напаѓач, бидејќи Феран Торес одлучи да се пресели во ПСЖ.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK