Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката


sdsm-zname.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 

По повод големиот празник 2-ри август – Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со потпретседателката Јована Тренчевска и членот на Извршниот одбор Андреј Жерновски, положи цвеќе и оддаде почит пред меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.


„Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност на соверемената македонска државата. СДСМ е наследник на АСНОМ, на највозвишениот идеал за Македонија, на борбата за слобода, рамноправност и достоинство. За многу години Илинден! Да живее Македонија!“, велат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK