(Видео) Трагедија во Перу: се урна туристички авион, загинаа сите 13 патници


screenshot-2026-08-02-081136.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тринаесет лица загинаа при пад на туристички авион за време на панорамски лет над светски познатите линии во Назка, едно од најпосетуваните археолошки локалитети во Перу.


Според локалните власти, во авионот имало 11 патници и двајца пилоти, а леталото се урнало во поле во близина на градот Назка. Нема преживеани.

Авионот полетал од блискиот град Ика и бил во сопственост на перуанската компанија „Аеродиана“, која со години организира туристички летови над древните геоглифи, впишани на Листата на светско наследство на УНЕСКО.

Причината за несреќата засега не е позната. Перуанските власти отворија истрага, а повеќе информации за околностите под кои дошло до падот на авионот се очекуваат по завршувањето на увидот и идентификацијата на жртвите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK