Црвен аларм во Италија: температурите ќе достигнат до 39 степени, речиси целата земја под предупредување


13163676.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанското Министерство за здравство издаде црвен метеоаларм за понеделник за речиси сите поголеми градови во земјата поради новиот топлотен бран што ја зафаќа Европа.


Од вкупно 27 поголеми градови, само Реџо ди Калабрија и Месина нема да бидат под највисокото, трето ниво на предупредување. Во сите останати градови се очекуваат екстремно високи температури што можат да претставуваат ризик и за здрави луѓе, а не само за ранливите категории.

Според прогнозите, температурата во Неапол ќе достигне до 39 степени Целзиусови, во Фиренца и Палермо до 38 степени, а во Рим до 37 степени. На северот од земјата, во Торино, Трст и Венеција, се очекуваат температури до 36 степени.

Новиот топлотен бран, кој минатата недела ја зафати западна Европа, сега се проширува кон централниот дел на континентот, каде во наредните денови температурите на поединечни места би можеле да достигнат и до 41 степен.

Од сабота, 19 италијански градови се под предупредување од трет степен, а во недела и понеделник на листата ќе бидат додадени уште неколку градови, со што речиси целата земја ќе биде опфатена со највисокото ниво на тревога.

Италијанското Министерство за здравство објаснува дека предупредувањето од трет степен означува „вонредна состојба поради топлотен бран“, при што високите температури можат сериозно да влијаат врз здравјето не само на постарите лица, малите деца и хронично болните, туку и на здравите и физички активни луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK