Доволна е искра за трагедија, апел до граѓаните да не фрлаат отпушоци и да не палат скари во места со сува вегетација


pozar-gasenje-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати, информира денеска директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов.


Тој кажа и дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле за намалување на бројот на пожари и го успориле нивното ширење. Сепак, предупреди Ангелов, периодот со врнежи заврши.

„Но, периодот со врнежи заврши. Високите температури, ниската влажност на воздухот и променливиот ветер создаваат услови за брзо настанување, ширење и тешко гаснење на пожарите на отворен простор. Доволна е само една искра. Најголемиот број пожари настануваат ненамерно. Граѓаните најчесто не сакаат да предизвикаат пожар, но едно невнимание може да доведе до сериозни последици“, рече Ангелов.

Тој аплира до граѓаните да не се фрлаат отпушоци од цигари на отворен простор, особено од возила во движење, да не се палат огнови и скари во шуми и на места со сува вегетација, да ја исчистат сувата трева и грмушки околу домовите и викендички и да направат заштитен појас и да не се плата стрништа и пасишта.

„Со тоа го загрозувате животот на луѓето и имотот, а сторителите ќе бидат санкционирани.
Внимавајте при користење алати кои создаваат искри, како брусилици и апарати за заварување.
Земјоделците да бидат внимателни при користење уреди за плашење птици кои можат да предизвикаат пожар“, рече Ангелов.

Тој ги повикува граѓаните секое сомнително однесување веднаш да го пријават во најблиската полициска станица или на бројот 112.

„Пријавете лица кои носат сомнителни течности, факели, големи петарди или други предмети и активности што можат да предизвикаат пожар. Во услови на екстремно високи температури, потребна е максимална внимателност. Една искра може да предизвика голема трагедија“, рече Ангелов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK