Општина Центар со финансиска помош за штетите од невремето, максималната отштета е 100.000 денари


q2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година.


Физички и правни лица со недвижен имот на територијата на Општина Центар, ќе бидат обештетени согласно донесениот Правилник, исклучиво за оштетени кровни конструкции и фасади на индивидуални и колективни објекти за домување.

Максималниот износ на еднократната парична помош изнесува до 100.000 денари по поднесено барање.

„Уште од првиот ден бевме на терен со сите расположливи служби за да им помогнеме на граѓаните во справувањето со последиците од невремето. Паралелно со расчистувањето, подготвивме системско решение за финансиска поддршка на најпогодените. Со објавувањето на јавниот повик започнуваме со конкретна постапка преку која граѓаните ќе можат да аплицираат за еднократна парична помош. Целта е никој да не остане сам во надминувањето на последиците од оваа природна непогода“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Барањата се поднесуваат во Архивата на Општина Центар, на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, секој работен ден од 9 до 15 часот, во рок од два месеци од денот на објавувањето на јавниот повик.

Кон барањето потребно е да се приложи документација со која се докажува настанатата штета, како и останатите документи предвидени во јавниот повик.

Постапката ќе ја спроведе седумчлена комисија составена од претставници на Советот и на општинската администрација. Комисијата ќе ги разгледува пристигнатите барања и ќе предложи висина на финансиската помош согласно утврдените критериуми, расположливите буџетски средства и степенот на оштетеност на објектите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK