Премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Општина Илинден, истакна дека низ државата во моментов се реализираат повеќе од 1.200 проекти финансирани преку средствата пренасочени од централниот буџет кон општините.
„Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште. Дел од проектите се завршуваат, дел се во процес на реализација, многу мал дел ќе отпочнат и очекувам да следната година ја заокружиме со овој процес на овие проекти од првиот и вториот повик и веќе да размислуваме за третиот повик што мислам дека ќе биде исто така потребен, во меѓувреме општините подготвуваат нови проекти“.
Ова, според Мицкоски ја менува сликата за Македонија, од една држава којашто како што рече, беше ограбена, понижена, засрамена, имаме држава во којашто се гради напред и така ќе се продолжи и во иднина.