(Видео) Куче извлечено живо од под урнатините, 29 дена по земјотресот во Венецуела


depositphotos_112326846_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бејли, едногодишна пудлица, беше извлечена од урнатините под кои преживеа 29 дена по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Венецуела и сега се опоравува со ветеринарна нега.


Миленичето го пронајдоа членови на спасувачката бригада за време на отстранувањето и проверката на урнатините, објавува „Диарио де Морелос“.

Според спасувачите, животното страдало од тешка дехидратација и глад кога било ослободено.

По спасувањето, Бејли е префрлено во ветеринарна клиника, каде специјализираниот персонал започнал протокол за стабилизација, интравенска рехидратација и нега на рани.

Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an

Ein Beitrag geteilt von Al Bawaba English (@albawaba_english)

„Бејли е клинички стабилна. Тоа е вонреден настан од физиолошка гледна точка, со оглед на времето што поминало без основни потреби. Има чиреви на окото кои биле предизвикани од продолжено изложување на прашина и недостаток на подмачкување, но прогнозата е поволна со применетиот третман“, соопшти ветеринарната служба.

Кучето ѝ припаѓа на единаесетгодишната Викторија Изабела Ренгел, која исто така го преживеала уривањето на нејзината куќа за време на земјотресот.

Според локалните власти и самото девојче, катастрофата во семејниот дом ги одзела животите на нејзината мајка и баба по мајка.

Моментално, девојчето и нејзиното домашно милениче престојуваат во привремено засолниште поставено од властите за семејствата погодени од земјотресот.

На 24 јуни, Венецуела беше погодена од два земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала, а повеќе од 5.500 луѓе загинаа, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK