Со цел на своите купувачи да им овозможи уште попријатно, помодерно и поквалитетно шопинг искуство, компанијата dm drogerie markt ќе започне со реновирање на својата продавница во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Поради тоа, продавницата во ГТЦ во период од 2.8 до 23.9.2026 година ќе биде привремено затворена. По тој повод, dm на своите купувачи им нуди попуст од -15% НА АПСОЛУТНО СЀ! Овој попуст ќе трае од 29 јули до 1 август.
Реновирањето е дел од континуираните заложби на dm за унапредување на продажните простори и создавање пријатна атмосфера за купување, со создавање на уште подобро искуство за сите купувачи.
Во периодот додека траат активностите за реновирање, купувачите ќе можат непречено да ги купуваат своите омилени производи во dm продавниците во Diamond Mall и Vero Center, каде ќе ги очекуваат истиот богат асортиман, препознатливата услуга и секогаш поволните цени.
Сега, на вашето омилено место за пазарување му дојде време за разубавување. Затоа, списоците во рака и упатете се во dm во ГТЦ на шопинг. Следното пазарување во оваа продавница ќе можете да го направите на 24 септември!
