Шасивари: Македонија и Косово градат силно партнерство на европскиот пат


cq6a5968.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка и интензивирање на партнерството во областа на правдата и евроинтеграциите.


„Македонија и Косово, како добри соседи и партнери, ја делат истата визија за стабилен регион заснован на владеење на правото, демократски вредности и полноправно членство во Европската Унија. Во таа насока, беше нагласена важноста од размена на искуства и добри практики кои ќе придонесат за поефикасно спроведување на реформските процеси.

Особено внимание беше посветено на реформите во правосудниот систем, зајакнувањето на независноста на судството и процесот на дигитализација. Министерот Шасивари потенцираше дека функционално, независно и ефикасно правосудство е предуслов за враќање на довербата на граѓаните и за успешен напредок во европските интеграции.

Заедничката определба за реформи, владеење на правото и европска интеграција претставува силен темел за уште поинтензивна соработка меѓу Македонија и Косово“, соопштија од Министерството за правда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK