Ливерпул издаде 400 доживотни забрани


depositphotos_208019522_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот клуб Ливерпул издаде повеќе од 400 доживотни забрани за стадион откако полицијата заплени имот вреден повеќе од 1,2 милиони фунти поврзан со нелегална препродажба на билети.


Англиските медиуми пишуваат дека во изминатиот период клубот тесно соработувал со полицијата од Мерсисајд за запленување на имот од организирани препродавачи на билети.

Полициската операција имала за цел перење пари стекнати преку криминални активности преку нелегална продажба на билети и се одвивала паралелно со акцијата на клубот против препродажбата на билети, како на интернет, така и на самиот стадион.

Оттогаш, клубот издаде 432 доживотни забрани на одговорни лица, како и 115 неопределени суспензии.

„Ова е одличен пример за партнерска соработка меѓу нас и фудбалскиот клуб Ливерпул, во корист на навивачите и пошироката јавност“, рече главниот инспектор за случајот, Ник Сафилд.

„Секогаш ќе преземаме мерки за да ги заштитиме вистинските навивачи кои стануваат жртви на препродавачи, чија единствена желба е да купат билети и да го поддржуваат својот тим“, додаде тој.

Парите добиени од запленетиот имот беа поделени меѓу полицијата во Мерсисајд и Министерството за внатрешни работи.

Минатата година, Би-Би-Си објави дека Ливерпул откажал 145.000 нарачки за билети во текот на претходните две години како дел од акцијата против препродажбата на билети. Само минатата сезона, Ливерпул анализираше речиси 700.000 регистрации на билети, блокираше или откажа 67.663 сметки за кои се сомневаше дека се лажни, додека дополнителни 121.379 сметки се моментално под истрага.

Дополнително, 3.847 билети за сезоната 2025/26 беа откажани поради сомнителна активност за време на купувањето. Тие повторно беа пуштени во продажба, што го зголеми бројот на билети достапни за вистински навивачи.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK