Алијансата за Албанците оценува дека последните резултати од микробиолошките анализи на водата од четири мерни точки во Гостивар покажуваат дека ситуацијата се подобрува и е во процес на стабилизација.
Ги повикуваат граѓаните и понатаму да се придржуваат до препораките на надлежните институции и информациите да ги добиваат од официјални извори.
„Нивната загриженост е целосно разбирлива и оправдана, но во овој момент се потребни смиреност, разумност и соработка сè до завршувањето на сите анализи и соодветни постапки.
Не треба да избрзуваме со судови, етикетирања или обвинувања пред да заврши професионалната работа на институциите. Воедно, повикуваме да престане навредливиот и разединувачки говор, бидејќи јавното здравје треба да нè обединува, а не да се користи за политички пресметки“.
Според оваа партија, кризниот штаб ги извршува своите задачи, додека градоначалникот на Општина Гостивар ги ставил на располагање сите општински капацитети за управување со ситуацијата и за помош на граѓаните.
2Исто така, вклучувањето и поддршката од Владата и централните институции се важни и добредојдени.
Единствен приоритет треба да остане заштитата на здравјето на граѓаните, редовното и транспарентно информирање и што побрзото враќање на ситуацијата во нормала“.