Маж качен на скала гледал 20-годишна скопјанка додека се пресоблекувала во гардероба во бутик


garderober-depositphotos_69109725_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дваесетгодишна девојка пријавила во полиција дека маж ја набљудувал додека се пресоблекувала во гардероба на продавница во трговски центар во скопската населба Ѓорче Петров.


Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 16 јули во 17:30 часот. Според пријавата, околу 14:30 часот, додека пробувала облека во гардероба, забележала човек качен на скала, кој ја гледал додека се пресоблекувала.

Во врска со случајот, во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С. (43) од Скопје, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK