(Видео) Васил Ангелов создаде симболичен дует со Тоше Проески: „Јас не сум виновен“ доби нов живот


vasil-angelov-duet-screenshot-2026-07-18-152734.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тоше Проески отсекогаш бил најголемиот музички идол на младиот пејач Васил Ангелов. Токму затоа, последната епизода од неговиот авторски проект „Under 2 Minutes“ ја посветува на легендарниот македонски пејач, претставувајќи ја песната „Јас не сум виновен“ во сосема ново, современо музичко издание.


Станува збор за несекојдневен концепт во кој Васил Ангелов, преку внимателно вклопување на оригиналните вокали на Тоше Проески, создава симболичен дует. Новиот аранжман ја задржува емоцијата на оригиналот, но носи свеж музички израз, а во рефренот двата гласа звучат како едно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Angelov (@vasillangelov)

„Тоше Проески е мојот најголем идол. Пораснав со неговите песни и многу научив од неговата интерпретација. Додека го подготвував серијалот, си го поставив прашањето – како би звучел дует со Тоше? Така се роди идејата за оваа епизода“, вели Васил Ангелов.

Приказната е заокружена и со впечатливо видео, снимено во напуштен простор со минималистичка, кинематографска естетика. За видеото е заслужен Стефан Јакимовски, додека дизајнот и креативниот визуелен идентитет ги потпишува Лука Каранфиловски, како дел од креативниот тим на проектот. Архивските снимки од Тоше Проески, прикажани преку стар телевизор, симболично ја поврзуваат неговата музичка оставштина со новата генерација македонски музичари.

Со проектот „Under 2 Minutes“, Васил Ангелов најавува нова фаза во својата кариера, во која фокусот ќе биде ставен на авторската музика.

„Сакав преку овој проект публиката да го запознае мојот музички сензибилитет и начинот на кој размислувам како артист. Следниот чекор е мојата авторска музика, која ќе ја претставам во периодот што следува“, вели Васил Ангелов.

Со проектот „Under 2 Minutes“, Васил Ангелов на познатите песни им дава нов живот преку оригинални аранжмани, современ звук и автентичен визуелен израз. Интерпретацијата на „Јас не сум виновен“ е негова искрена музичка почит кон Тоше Проески – уметник чие наследство и понатаму инспирира нови генерации.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK