ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?


kompjuter-telefon-hakeridepositphotos_814250350_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација во најавата на овој проект информираше дека е изработена физибилити студија која ја потврдува техничката и финансиската изводливост на проектот. Но, притоа никаде во најавата не се споменуваат еколошките стандарди и влијанието врз животната средина при потенцијалната реализација на таквата инфраструктура која се вели дека би била од огромно значење за државата, велат од ДОМ.


Ако Националниот дата центар треба да биде инфраструктура што ќе ѝ служи на државата во следните децении, тогаш, додаваат од оваа партија, јавноста има право да знае какви ќе бидат неговите еколошки, енергетски и климатски импликации.

„Познато е и уште еднаш потенцираме дека дата центрите се големи потрошувачи на електрична енергија, вода и ресурси. Стандардот Tier III гарантира сигурност и непречено функционирање на системите, но самиот по себе не претставува гаранција за еколошка одржливост“.

ДОМ бара од Министерството за дигитална трансформација и од Владата да ја запознаат јавноста:

„Дали за проектот е спроведена или се планира да се спроведе постапка за оцена на влијанието врз животната средина;
Колкава ќе биде годишната потрошувачка на електрична енергија;
бидејќи во јавноста веќе беше најавено дека дата центарите ќе користат обновливи извори нa енергија, каква е точната стратегија за нивно обезбедување, колкав процент од потрошувачката ќе покриваат тие и дали се предвидени високи стандарди за енергетска ефикасност и искористување на отпадната топлина?
Каков систем за ладење е предвиден и колкава ќе биде потрошувачката на вода;
дали паралелно се предвидува модернизација и надградба на постојната дистрибутивна мрежа на електрична енергија, како и на водоводната инфраструктура со што ќе се гарантира и обезбеди квалитетен пристап до овие ресурси на сите граѓани“.

Според ДОМ дигиталната трансформација може да биде значајна за државата само ако уште во фазата на планирање на било какви проекти се обезбеди целосна транспарентност и усогласеност со највисоките еколошки стандарди.

Затоа, додаваат од таму, дигиталната трансформација и зелената транзиција не смеат да се развиваат одделно туку паралелно и пред сè во интерес на граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK