Објавена програмата на 38. Поетска ноќ во Велестово


poster-38.-poetska-nokj-vo-velestovo.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 38. Поетска ноќ во Велестово ќе настапат дваесетина поети, музичари и уметници од шест земји (Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија).


Програмата ќе започне на 21 август во 21 часот во Велестово со поетскиот портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува „Имаго“ ‒ интернационално поетско читање, на кое ќе настапат поетите од странство.

Истата вечер, од 22:30 часот, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово ќе биде отворена и изложбата на акварели на Ивана Настески под наслов „Флора“.

Следните два дена ќе се одржат книжевни промоции на пет стихозбирки од: Павле Горановиќ од Црна Гора, Томица Бајсиќ од Хрватска, Звонко Карановиќ од Србија, Маја Ручевиќ Карановиќ од Хрватска и Вероника Димоска од Македонија, како и уште две интернационални поетски читања „Мозаик“, едното во Охрид во „Лапидариум“, а завршното поетско читање ќе се одржи во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово в недела, на 23 август, на кои, покрај споменатите поети, ќе настапат и Моли Туми од Ирска, Иван Христов и Петар Чухов од Бугарија, како и домашните поети: Викторија Ангеловска, Диме Ратајкоски, Тони Попов, Никола Наумовски, Ива Шајноска, Звонко Димоски, Илко Димитриевски, Марија Велинова и Андреј Медиќ Лазаревски.

Во програмата предвиден е и кус музички концерт на Иван Христов и Петар Чухов од Бугарија (кавал и електрична гитара), како и организирано разгледување на културно-историското наследство на Охрид и природните убавини на Националниот парк „Галичица“.

Дизајнот на постерот за годинешното издание на фестивалот е на Андреј Павлов.

Програма

Петок, 21.8.2026 г.

Локација: с. Велестово, на сретсело.

· 21:00 ч.: Кус музички концерт на Иван Христов и Петар Чухов (кавал и електрична гитара)

· 21:20 ч.: „Поетски портрет на Јовица Ивановски“ ‒ поетско читање и разговор воден од Јулијана Величковска.

· 22:10 ч.: „Имаго“ ‒нтернационално поетско читање на гостите од странство: Моли Туми (Ирска), Павле Горановиќ (Црна Гора), Маја Ручевиќ Карановиќ (Хрватска), Томица Бајсиќ (Хрватска), Звонко Карановиќ (Србија), Иван Христов (Бугарија) и Петар Чухов (Бугарија).

· 22:30 ч.: „Флора“ ‒ изложба на акварели на Ивана Настески во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.

Сабота, 22.8.2026 г.

Локација: „ЛАПИДАРИУМ“, двориште на Куќата на Робевци, Охрид.

· 20:00 ч. Диптих со Павле Горановиќ (Црна Гора) и Томица Бајсиќ (Хрватска).

Промоција на поетските книги „Република на тишината“, избор песни од Павле Горановиќ и на „Собирачи на коски“, избор песни од Томица Бајсиќ, обете во препев на Славе Ѓорѓо Димоски, изданија на „ПНВ Публикации“. Разговорот ќе го модерира Јулијана Величковска.

· 21:00 ч. „Мозаик“ ‒ интернационално поетско читање

Учесници: Моли Туми (Ирска), Звонко Карановиќ (Србија), Маја Ручевиќ Карановиќ (Хрватска), Иван Христов (Бугарија), Диме Ратајкоски, Тони Попов, Вероника Димоска, Викторија Ангеловска и Андреј Медиќ Лазаревски (Македонија).

Недела, 23.8.2026 г.

Локација: тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.

· 19:00 ч. Промоција на стихозбирката „Удут“ од Вероника Димоска, издание на „Култура Бета“.

· 20:00 ч. Диптих со Звонко Карановиќ (Србија) и Маја Ручевиќ Карановиќ (Хрватска).

Промоција на поетските книги „Најубавите години од нашиот живот“, избор песни од Звонко Карановиќ во препев на Јовица Ивановски, и на стихозбирката „Утре ќе правиме ангели во пад“ од Маја Ручевиќ Карановиќ во препев на Јулијана Величковска, изданија на „ПНВ Публикации“. Разговорот ќе го модерира Јулијана Величковска.

· 21:00 ч. „Мозаик #2“ ‒ интернационално поетско читање

Учесници: Петар Чухов (Бугарија), Томица Бајсиќ (Хрватска), Павле Горановиќ (Црна Гора), Ива Шајноска, Звонко Димоски, Илко Димитриевски, Никола Наумовски и Марија Велинова (Македонија).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK