Деми Мур е сè почесто критикувана за нејзиниот слаб изглед, но понекогаш успева да го одвлече вниманието на публиката од него со мали трикови.
Познатата актерка Деми Мур не престанува да ја шокира јавноста со својот изглед. Негативните коментари, но и оние што предизвикуваат загриженост, ги преплавија социјалните мрежи, особено по нејзиното последно појавување, на кое за некои дури беше непрепознатлива.
Покрај тоа, познатата Деми сè уште се смета за една од најдобро облечените и најубавите актерки, а сега ја покажа и најдобрата фризура за летото што е многу лесна за правење дома.
View this post on Instagram
Познатиот фризер Димитрис е задолжен за стилизирање на косата на Деми, а тој сподели фотографија на која јасно се гледа фризурата што е именувана како „балерина-пунџа во лежерна верзија“. Сè што треба да направите е да формирате пунџа со помош на шноли, да ги олабавите прамените колку што сакате и да прицврстите сè доплонително со шноли.
Пунџата е на средината на главата, а со помош на неколку мали прамени од страна, лицето е врамено. Иако пунџите секогаш се поврзуваат со залижана коса, тука имате апсолутна слобода и ништо не мора да биде толку совршено.
Уредно и лежерно во исто време, тоа е она што ја краси оваа пунџа, а што е најдобро, им одговара на сите и се вклопува во сите животни ситуации.