Претседателот на Собранието, Гаши се сретна со в.д. амбасадорката на САД: потврдени одличните односи меѓу двете земји


gashi-varnes_4.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со в.д. амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.


На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји, како и стабилното партнерство кое се темели на споделените демократски вредности и тесната институционална соработка.

Соговорниците разговараа за парламентарната агенда и актуелните институционални случувања. Нагласена беше важноста од ефикасното функционирање на демократските институции, зајакнувањето на улогата на Собранието и унапредувањето на реформите во интерес на граѓаните.

На крај, беше потврдена заедничката посветеност за понатамошно продлабочување на партнерството и стратешкиот дијалог.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK