Традиционален Илинденски марш: околу 40 коњаници ќе тргнат од Горно Лисиче кон Крушево


konjichki-marsh1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.


На 27 јули (понеделник), со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои, соопшти општината.

На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство.

„Општина Аеродром упатува покана до сите граѓани да бидат дел од свеченото испраќање и заедно да им оддадеме почит на илинденците, чија жртва и идеали и денес претставуваат симбол на слободата, единството и државноста на Македонија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK