Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска


depositphotos_353450836_xl-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, соопшти ЦУК.


„Поради надојдената вода, од силниот воден тек беа однесени две малолетни лица на возраст од 15 години и едно 18-годишно лице. Едното малолетно лице веднаш беше извлечено од водата, додека другите две лица беа пронајдени низводно по течението на реката Треска. Сите три лица се спасени, живи се и немаат видливи повреди“.

По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ја координирал интервенцијата и побарал ангажирање на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Општина Сарај, ХЕЦ „Матка“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Итната медицинска помош.

„Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, веднаш се упати на местото на настанот, каде што ја следеше и координираше интервенцијата. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваа припадници на Територијалната противпожарна единица, полициски службеници, екипа на Итната медицинска помош и жители на Општина Сарај“.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при престој покрај реките и езерата, особено во близина на брани и хидроенергетски објекти, каде што нивото и брзината на водата можат нагло да се променат поради контролирани испусти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK