Светското првенство го затвораат Роби Вилијамс, Никол Шерцингер и Лаура Паузини


depositphotos_827681150_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека церемонијата на затворање на Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во недела, 19 јули, пред финалниот натпревар на стадионот во Њујорк.


Во програмата ќе настапат италијанската пејачка Лаура Паузини, британскиот пејач Роби Вилијамс, американската пејачка Никол Шерцингер и интернет ѕвездата IShowSpeed, додека на публиката ќе ѝ се обрати и холивудскиот актер Том Круз.

Американската пејачка и актерка Џенифер Хадсон, добитничка на наградите Еми, Греми, Оскар и Тони, ќе ја изведе националната химна на Соединетите Американски Држави пред почетокот на финалниот натпревар.

ФИФА објави дека церемонијата ќе биде посветена на патувањето на сите 48 национални тимови низ три земји домаќини – Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико – и 16 градови домаќини, со комбинација од музика, култура и фудбал.

Програмата е организирана од продуцентската куќа „Balich Wonder Studio“, а ФИФА објави дека ќе претстави дополнителни изведувачи и специјални гости во наредните денови.

„Церемонијата на затворање ќе ја заокружи приказната за ова историско Светско првенство преку музика, култура и фудбал, пред долгоочекуваното финале да го одлучи новиот светски шампион“, рече директорот за операции на Светското првенство, Хајмо Ширги.

Церемонијата ќе започне во 13:30 часот по локално време, 90 минути пред почетокот на финалето, додека портите на стадионот ќе бидат отворени четири часа пред натпреварот. Организаторите ги поканија навивачите да дојдат порано за да учествуваат во придружната програма и забава пред финалето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK