СВР Куманово поднесе кривична пријава против 38-годишниот Д.С. од село во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природна реткост“.
Пријавениот од археолошкиот локалитет „Муталово”, атар на село Алгуња, општина Старо Нагоричане, противправно присвоил керамички сад (питос) – предмет кој е културно наследство, и го чувал во својот дом.