(Фото) Навредите за нејзиниот изглед не престануваат, а таа гордо го покажа своето лице без шминка


14012710.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деми Мур ужива во Париз со својата ќерка Талула Вилис, а неколку фотографии од тоа патување ги сподели со своите следбеници на Инстаграм.


Познатата актерка, Деми Мур (63), во минатото беше мета на многу негативни коментари. Повеќето од нив беа за тоа што Деми е премногу слаба, толку многу што некои се прашуваа дали сè е во ред со неа, а имаше и реакции на очигледните козметички корекции.

Во средината на целата „драма“ околу изгледот на Деми Мур, актерката објави фотографија без шминка, на која позираше со својата ќерка.

View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

„Малку магија од Париз. Уживав во секој момент со моето бебе пред да започне со своето ново поглавје во животот“, напиша актерката, осврнувајќи се на претстојната свадба на Талула Вилис.

Сепак, нејзиното лице без шминка привлече најголемо внимание, што е вистинска реткост да се види во таков изглед.

Имаше и такви што ја пофалија, а имаше и такви што сè уште го држеа ставот дека Деми Мур претера со козметичките корекции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK