Фотографија „вредна“ 1,5 милијарди долари: Злите јазици не можат ништо да ѝ направат кога е во негови раце


georgina-rodrigez-depositphotos_556671946_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Георгина Родригез не престана да објавува на социјалните мрежи откако Португалија испадна од Светското првенство, оставајќи го Роналдо во солзи.


Вереницата на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, го бодреше својот љубен во текот на целото Светско првенство, а и самата беше мета на негативни коментари, но тоа не е неочекувано кога станува збор за неа.

Таа дури и се огласи по поразот од Светското првенство, поддржувајќи го својот иден сопруг, но ниту тоа не наиде на големо одобрување од острите критичари на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Кога страстите малку се смирија и поминаа неколку дена, Георгина повторно сакаше да ги „налути“ сите оние кои не ја сакаат и објави селфи со Роналдо.

Двајцата беа надвор во природа, уживајќи на сонцето, Роналдо беше без маица, додека Георгина ги истакна своите гради, како и обично.

И двајцата носеа капи и, судејќи според насмевката на неговото лице, се чини дека познатиот фудбалер веќе заборавил на болното елиминирање од Светското првенство.

Како и сè што прави Георгина, ова беше доволно за да предизвика вистинска мала лавина од коментари. Некои напишаа дека тие двајца се совршен пар, додека други ѝ рекоа дека таа е веројатно најсреќната жена на светот поради фактот што е во врска со Кристијано Роналдо, чие богатство се проценува на околу 1,5 милијарди долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK