Навивај во твој елемент: Откриј го петтиот елемент на фудбалските вечери – крцкаво задоволство што се споделува со друштвото


чипсови Elements
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светското првенство влегува во фазата во која повеќе нема простор за поправен. Утре Франција и Шпанија ќе се борат за првото место во големото финале, додека во среда нè очекува пресметката меѓу Англија и актуелниот светски шампион Аргентина. Четири фудбалски великани, две вечери исполнети со возбуда и само две места во финалето.

Тоа се натпревари за кои не се прашува дали ќе се гледаат, туку каде.


Во дневната соба кај пријателот со најголем телевизор, во локалот со најдобра атмосфера или дома, со луѓето со кои секоја фудбалска вечер станува мал настан. Планот обично почнува едноставно: „Кај кого гледаме?“. Потоа следуваат изборот на пијалаци, распределбата на местата и секако, прашањето без кое не почнува ниту едно добро дружење: Што ќе грицкаме?

Фудбалот и чипсот одамна се неразделна комбинација. Чипсот е таму додека се предвидува резултатот, додека сите зборуваат во исто време и додека барем еден од присутните е убеден дека подобро ја разбира тактиката од селекторот. Се грицка во исчекување на гол, по голема промашена шанса и во моментите кога целата соба останува без здив.

Токму за ваквите вечери се создадени новите Elements чипсови на Виталиа, за моментите кога сакаме вистинско крцкаво задоволство и богат вкус, но бараме малку поинаков избор од класичниот чипс.

Elements се подготвени без пржење, со 100% природни состојки и внимателно избрани комбинации на вкусови, за секој во друштвото да може да го пронајде својот фаворит.

За оние што секогаш играат на сигурно, тука е вкусот со  морска сол. За љубителите на познати и кремасти комбинации павлака и кромид. Чадената пиперка е за тие што сакаат поинтензивен вкус, додека гарам масала и златно кари со 20% протеини е изборот за оние што и кај грицките сакаат да пробаат нешто похрабро.

На крајот, секое друштво има различен фаворит. Некој навива со срце, некој ги анализира статистиките, а некој едноставно се надева на неизвесен натпревар и многу голови. Но кога ќе почне полуфиналето, сите се на исто место – пред екранот, со поглед кон теренот и со раката во ќесата чипс.

https://www.youtube.com/watch?v=WR7-B07nl0s

Затоа соберете ја екипата, одберете го својот фудбалски фаворит и подгответе ги омилените Elements вкусови. Препуштете се на вечерите во кои секој гол се слави погласно, секое промашување се доживува лично, а секое парче чипс исчезнува побрзо отколку што сте планирале.

Бидејќи најдобрите фудбалски моменти не се само оние што ги гледаме, туку оние што ги споделуваме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK