(Видео) Јанг Дади ги поздрави сите „мамини синови“: „Син на мама“ е неговата нова музичка приказна


image00001jang-dadi.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По мегахитот „Лидија“, кој собра повеќе од 1,6 милиони прегледи и стана едно од најслушаните домашни изданија, Јанг Дади се враќа со новата песна „Син на мама“.


Со препознатливиот стил, модерна продукција и заразен рефрен, Дади повторно останува доследен на звукот што му донесе огромна публика. Зад музиката, текстот и идејата стои самиот тој, додека за битот, аранжманот, миксот и мастерингот повторно е заслужен Андреј Ник, кој стоеше и зад продукцијата на мегахитот „Лидија“, потврдувајќи ја успешната соработка што продолжува и со ова издание.

„Син на мама“ е и првиот проект под издавачката капа на Авалон Продукција, која после навистина долго време има свој нов ексклузивец.

Но, „Син на мама“ не е само нова песна. Големо внимание привлекува и видеоспотот, реализиран од „Takat Studios“ во режија на Генц Халими, кој носи филмска естетика и интересна приказна.

Во центарот на спотот е ликот на Јанг Дади, кој поминува низ низа комични и неочекувани ситуации во потрага по „совршениот избор“, додека улогата на неговата мајка ја толкува инфлуенсерката Миа Костова. Низ видеото се појавуваат и инфлуенсерката Тијана Скулиќ, како и Гала Поњавиќ, Елиана Христи, Јоана Делова и Марта Михајловски, кои ја надополнуваат динамичната визуелна приказна.

Во меѓувреме, подготовките за неговиот голем концерт на 12 септември во СЦ „Јане Сандански“, во организација на Авалон, се во полн ек, а нема сомнеж дека и „Син на мама“ ќе биде дел од сет листата на концертот што со нетрпение го очекуваат неговите фанови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK