Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 33-годишниот М.Т. од Скопје.
При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.