Фудбалскиот клуб Реал Мадрид го негираше интересот за капитенот на Челзи, Енцо Фернандез. Во официјално соопштение клубот објави дека нема намера да испрати понуда до Челзи.
Во клупското соопштение, Реал го пофали аргентинскиот репрезентативец, но и потенцира дека тој не е во нивните планови.
Official Announcement.
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 3, 2026
„Во светлината на извештаите и изјавите што се појавија во последните неколку дена во одредени медиуми и на социјалните мрежи, во врска со наводниот интерес на Реал за Енцо Фернандез, клубот сака да објави дека не презел никаков чекор, ниту директен ниту индиректен, за да го потпише аргентинскиот играч, а исто така нема намера да преземе таква операција“, се вели во соопштението на шпанскиот клуб.
Англиските и шпанските медиуми пишуваа во претходните денови дека Реал е подготвен да плати 150 милиони евра за трансферот на 25-годишниот Аргентинец.
Foto/ Depositphotos