(Видео) ФИФА: Голот на Хрватска исправно е поништен


14118758.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објасни зошто голот на Хрватска против Португалија беше поништен.


Јошко Гвардиол го совлада Кошта во 13-та минута од судиското продолжение, <a href=”http://“>но технологијата го спречи израмнувањето.

Асистентот Марио Пашалиќ беше во офсајд, затоа што неговиот соиграч Игор Матановиќ имаше минимален контакт со главата пред тоа.

„Според податоците обезбедени од технологијата „Connected Ball“ што се наоѓа во внатрешноста на „Adidas Trionda“, официјалната топка на Светското првенство, беше докажано дека хрватскиот играч Игор Матановиќ имал контакт во фазата на подготовка на акцијата пред голот против Португалија, што му овозможи на судијата правилно да го утврди офсајдот и да го поништи голот“, се вели во соопштението на ФИФА.

Гледачите веднаш можеа да видат „отчукувања“ што го покажуваа контактот на Матановиќ со топката.

„IMU“, сензорите што се наоѓаат во топката се способни да детектираат секој мал контакт, прикажан на гледачите на преносот како „графика на отчукувања на срцето“ и да им обезбедат на службените лица невидено ниво на податоци за брзи и точни одлуки.“

Португалија ќе игра против Шпанија во осминафиналето.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK