Европскиот првак Шпанија рутински избори пласман во осминафиналето на Светското првенство. Шпанците ја победија Австрија со 3:0 (1:0), со головите на Микел Ојерзабал (два) и Педро Поро. Две асистенции забележа Марк Кукуреља, една Алекс Баена.
Верувале или не ова е прва победа на Шпанија во нокаут фазата на Мундијалите, уште од шампионатот во Јужна Африка, кога во 2010 година ја освои титулата.
Во следната фаза од натпреварувањето, Шпанија ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Хрватска и Португалија. Натпреварот од осминафиналето е закажан за понеделник, 6 јули, во 21:00 часот.
Натпреварот започна со доминација на Шпанија, која ја презеде топката од првата минута. Ламин Јамал веќе во 60-та секунда шутираше од 17 метри, но голманот Александар Шлагер лесно го одбрани неговиот обид. Притисокот продолжи и во 8-та минута, по центаршутот на Јамал, волејот на Дани Олм заврши во блокот.
Ајмерик Лапорт шутираше со глава по корнерот на Јамал, но беше непрецизен. Австрија ја создаде првата можност во 18-та минута, кога Марсел Сабицер го пронајде Михаел Грегорич, но тој не можеше да шутира крај Пау Кубарси.
Шпанците имаа поништен гол во 29-та минута. Марк Кукуреља постигна гол, но судијата веднаш сигнализираше прекршок врз австрискиот голман. Шлагер се истакна во 33-та минута со одбрана на опасен удар на Ојарзабал.
Сепак, доминацијата на Шпанија вроди со плод во 36-та минута. Кукуреља на левото крило испрати топка по земја до осамениот Микел Ојарзабал, кој постигна гол за 1:0.
До крајот на полувремето, Шпанија продолжи да се заканува. Алекс Баена ја погоди пречката од слободен удар во судиското продолжение, а Јамал се стрча кон одбиената топка, неговиот удар од непосредна близина го одбрани Шлагер.
Шпанија отиде на полувреме со минимално водство, а Австријците можеа да бидат задоволни дека разликата не е многу поголема.
На почетокот на второто полувреме, опсадата на голот на Австрија продолжи. Ојарзабал прво шутираше директно кон голманот во 49-та минута, а потоа три минути подоцна со глава ја испрати топката над голот.
Во 60-та минута, австрискиот тренер ги внесе напаѓачите Саша Калајџиќ и Марко Арнаутовиќ, а само една минута подоцна Калајџиќ се обиде со глава но беше непрецизен.
Сите надежи на Австрија за пресврт беа згаснати во 66-та минута. По блокираниот удар на Олмо, топката дојде до Баена, кој центарираше за Педро Поро, кој погоди за 2:0.
По вториот гол и паузата за освежување, темпото на играта падна, а Шпанија ја потврди победата во 89-та минута. Повторно асистент беше Кукуреља, а Ојарзабал го постигна третито гол за Шпанија.
Foto/ EPA