Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, и Cineplexx лансираат нова активација во Македонија под името „Светла, камера, крипто!“, давајќи им можност на посетителите на киното да го откријат светот на криптовалутите на едноставен и достапен начин, а воедно да освојат и вистински награди.
Станува збор за прва соработка од ваков тип меѓу Binance и кино-мрежата во Балканскиот регион, а кампањата комбинира онлајн учество со физички активности во Cineplexx, со цел посетителите да добијат поинакво и интерактивно искуство.
Во рамки на кампањата, учесниците можат да освојат до 11 USDC по корисник преку неколку едноставни чекори – регистрација, прв депозит и прва трговија. Дополнително, сите што ќе ја завршат првата фаза автоматски влегуваат во извлекување за главна награда во вредност од 3.000 долари во USDC, а добитникот ќе биде објавен во живо на специјален настан во CinePlexx по завршувањето на кампањата.
Како дел од активацијата, во CinePlexx поставен е и посебен Binance Corner, каде посетителите имаат можност да се информираат за кампањата, да ги дознаат чекорите за учество и да се вклучат во активности на лице место. Поставена е и интерактивна фото-рамка, преку која посетителите можат да споделат фотографија на Инстаграм со ознака #LightsCameraCrypto и да освојат уште дополнителни 10 USDC.
Со оваа кампања, Binance и Cineplexx носат ново доживување што ги поврзува филмот, наградите, социјалните мрежи и дигиталните финансии во едно современо и лесно достапно искуство. Наместо крипто да изгледа далечно и комплицирано, концептот е поставен така што првиот контакт со оваа тема да биде едноставен, практичен и интересен.
Повеќе информации за кампањата се достапни тука.