Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денес посети повеќе регионални канцеларии на Агенцијата за вработување, каде изврши увид во процесот на аплицирање за јавните повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година.
Во текот на денот, заедно со Даниела Димовска, Директорка на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Весна Пешова, заменик директор на Агенција на Вработување, претставници на општините и пратеници беа посетени центрите во Велес, Штип, Кочани, Виница и Берово каде вработените во центрите информираа за текот на пријавувањето зана јавниот повик.
– Вработените во центрите на АВРМ ме информираа дека процесот тече без проблеми и поголем застој, сите граѓаните можат слободно да аплицираат со нивните идеи за да отворат сопствен бизнис. Интересот за мерката е исклучително голем и до почетокот на денот пристигнати се речиси 4.400 апликации. Ја користам оваа прилика да апелирам до сите заинтересирани да се пријават и да ги искористат бенефитите кои како Влада им ја нудиме за отворање на сопствен бизнис – кажа заменик-министерот Ристески.
За време на посетите заменик-министерот Ристески им се заблагодари на вработените за нивната работа и дополнителни напори овие две недели додека се активни јавните повици.
Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.
Јавните повици траат до утре, 3 јули 2026 година.