(Видео) Албанската полиција со солзавец и водени топови ги растера демонстрантите во Тирана


tirana-protest-epa-14085285.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера антивладините демонстранти пред парламентот во Тирана, откако тие фрлаа јајца и брашно кон полицајците и пратениците.


Според албанските медиуми, во судирите се повредени тројца полицајци и еден демонстрант.

Протестите започнаа пред повеќе од еден месец поради планираната изградба на луксузен туристички комплекс, а во меѓувреме прераснаа во поширок бран незадоволство поради корупцијата и градежните проекти долж албанското крајбрежје.

Албанскиот премиер Еди Рама на социјалната мрежа Икс порача дека мирниот протест прераснал во „стар филм на судири, поделби и насилство“. Организаторите најавија нов протест за в сабота.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK