Мицкоски направи 2,5 милијарди евра нов долг, Кочоска да каже колкави се скриените долгови, бара СДСМ


kocoska-mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кочоска зборува за јавниот долг и ги убедува граѓаните дека повеќе е помалку? Нема како да им објасни дека за само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за над 2,5 милијарди евра па сега дека било тоа под планираното ниво, истакнуваат од СДСМ.


Ова, како што оценуваат, е најава дека власта на Мицкоски нема да застане туку уште побезобразно ќе го задолжува народот и државата.

„Зошто Кочовска не кажува колку изнесуваат скриениените долгови што Владата ги трупа преку јавните претпријатија.

На шверцерски начин се задолжуваат преку јавните претпријатија, a во јавноста пласираат лажна слика за јавниот долг.

Еве вистински пример за тоа: Кочоска потпиша државна гаранција за кредит од 140 милиони евра за Бехтел и Енка за Коридорите, но долгот формално го префрли на Јавното претпријатие за државни патишта. Значи само на едно претпријатие 140 милиони евра скриен долг. Вистината за „успешната“ буџетска политика на ВМРО е поразена“.

За само две години владеење, додаваат од СДСМ, оваа, како што ја нарекуваат, неспособна власт создаде нов, фрапантен долг од 2,5 милијарди евра.

„Пари во буџетот нема за ништо, ниту за поголема минимална плата ниту за пензии.

Уште на средина на година оваа криминална Влада целосно го истроши дефицитот и ќе го зголеми за нови 100 милиони евра.

Вака не изгледа трета економија – вака изгледа држава која Владата ја краде и задолжува.

Ова не е економски развој, туку организирано економско уништување од страна на Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK