По обилните врнежи од дожд, сезонските работници на Општина Чаир, во соработка со екипите на ЈП „Комунална хигиена“, беа ангажирани до доцна во ноќта и продолжуваат со активности и денес, информираат од општината.
Интервенциите, како што нагласуваат, се реализираат на улиците и јавните површини низ целата општина, согласно утврдените приоритети и потребите на терен, со цел што побрзо враќање на чистотата и функционалноста.
„Паралелно со расчистувањето на теренот, екипите продолжуваат и со собирање и отстранување на кабаст отпад во повеќе населби на Чаир.
Општина Чаир останува посветена на континуирано присуство на терен, со цел обезбедување чисти и функционални јавни површини за сите граѓани“.