(Видео) Мундијалската еуфорија заврши со трагедија – четири лица ги загубија животите во Мексико


4369.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големата прослава поради пласманот на мексиканската репрезентација во осминафиналето на Светското првенство се претвори во трагедија.


Според официјалните информации, за време на масовните прослави низ Мексико Сити, четири лица го загубија животите, додека илјадници беа повредени, поради што реагираа челниците на ФИФА.

По објавувањето на трагичната вест, градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада, итно се обрати до јавноста, апелирајќи до граѓаните прославите да минат без нови инциденти.

„Ги повикувам сите навивачи и граѓани да се радуваат одговорно, внимателно и со емпатија едни кон други. Не дозволувајте историските спортски успеси да се претворат во семејни трагедии“, рече Бругада.

Мексико претходно освои место меѓу првите 16 екипи во светот, што предизвика еуфорија низ целата земја, но прославите во главниот град се претворија во сериозни инциденти со трагични последици.

Во осминафиналето Мексико ќе се сретне со Англија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK