Актерката Блејк Лајвли побара од судот нејзиниот колега Џастин Балдони и студиото „Вејферер“ да ѝ исплатат 8.035.040,88 долари за судски трошоци откако тужбата за клевета на Балдони против неа беше отфрлена.
Од вкупниот износ, 7,5 милиони долари се однесуваат на адвокатски услуги, додека повеќе од 539.000 долари се потрошени за трошоци за судска постапка. Нејзините адвокати наведуваат дека високите трошоци се резултат на обемното собирање докази и големото медиумско внимание што го предизвика случајот.
Судијата Луис Џ. Лиман им наложи на Џастин Балдони и на студиото „Вејферер“ да одговорат на барањето до 13 јули, по што ќе одлучи дали ќе го одобри бараниот износ целосно или делумно.
Правниот спор произлезе од работата на филмот „Завршува со нас“. Иако страните постигнаа спогодба во мај, прашањето за надоместокот за адвокатските трошоци остана на судот да го реши. Претходно, судот потврди дека Блејк Лајвли има право да бара надомест на трошоците за одбрана, но го отфрли нејзиното барање за трострука и казнена отштета.
фото/Depositphotos