Полицијата во Германија трага по 18-годишник осомничен за убиство на својот брат


depositphotos_335943222_s.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германската полиција трага по 18-годишниот Димитар Ленц, кој е осомничен дека го убил својот 21-годишен брат во градот Касел.


Истрагата започнала откако семејството пријавило дека не може да стапи во контакт со 21-годишникот. Тој бил пронајден мртов во стан во населбата Валдау, а обдукцијата потврдила дека станува збор за насилна смрт.

Според полицијата, главен осомничен е неговиот помлад брат, кој наводно го усмртил со тап предмет. Мотивот за убиството засега не е познат.

Бидејќи осомничениот е во бегство, полицијата ги повика граѓаните да не му приоѓаат, туку веднаш да ја известат полицијата доколку го забележат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK