Еден од најдобрите играчи во модерната историја на Евролигата, Шејн Ларкин кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче.
Според порталот „BasketNews“, Шејн Ларкин, решил да го откупи својот договор и да уплати на сметката на Анадолу Ефес 400.000 долари.
Како слободен играч ќе го напупти клубот, иако имаше договор со Ефес до 2028 година. Американецот ќе потпише за Фенербахче во следните 48 часа.
Ларкин го носеше дресот на Ефес осум години и учествуваше во освојувањето на две европски шампионски титули (2021 и 2022).
Тој беше член на идеалната петорка на Евролигата во 2022 година, а годината пред тоа беше избран во вториот тим на натпреварувањето. Во 2020 година, тој го освои трофејот Алфонсо Форд како најдобар стрелец на Евролигата, а подоцна беше вклучен во идеалниот тим „Ол-25“, меѓу 25-те најголеми играчи на модерната ера на Евролигата.
Ларкин првпат пристигна во Евролигата во 2016 година, кога играше за Басконија, пред да се врати во НБА за една сезона. Сепак, неговото доаѓање во Анадолу Ефес во 2018 година целосно ја промени и неговата кариера и траекторијата на клубот.
Од почетокот на сезоната 2018/19, Ларкин е втор најдобар стрелец во Евролигата, а во истиот период е меѓу првите четири играчи според индексот на корисност и меѓу првите седум асистенции.
Во сезоната 2025/26, во која се мачеше со повредите, Ларкин имаше просек од 15,2 поени, 2,3 скока и 4,2 асистенции во 12 настапи во Евролигата, со 51 процент шут за два поени и 43 проценти за три поени.
Пред клупската сезона, Ларкин одигра важна улога во патот на Турција до финалето на Евробаскетот, каде што имаше просек од 11,6 поени, 3,7 скока и 5,1 асистенции по натпревар.
Foto/ Depositphotos