Франција го потврди првиот случај на ебола во земјата


ebola-depositphotos_195136426_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Франција го потврди првиот случај на ебола во земјата. Станува збор за лекар кој се вратил од хуманитарна мисија во Демократска Република Конго и веднаш бил примен во специјализирана здравствена установа. Според француското Министерство за здравство, неговата состојба е стабилна.


Во Конго минатиот месец беше прогласена епидемија на ебола, при што се регистрирани околу 1.000 случаи на зараза и повеќе од 260 смртни случаи.

Француските власти соопштија дека ризикот за населението е „многу низок“ и дека се спроведува идентификација на лицата кои можеби биле во контакт со заразениот лекар.

Актуелната епидемија е предизвикана од сојот Бундибуџо, за кој засега не постои вакцина. Поради тоа, Франција воспостави посебен систем за надзор на хуманитарните работници кои се враќаат од Конго.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK