Зеленски до Лукашенко: Отстранете ја руската опрема или ќе ја уништиме


depositphotos_704810998_xl-1.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Белорусија во рок од една недела да ја отстрани руската опрема за пренос на сигнали во регионите Гомељ и Брест, за која тврди дека се користи при напади со дронови врз украинска цивилна и енергетска инфраструктура.


Зеленски предупреди дека доколку Минск не го исполни барањето, украинските сили ќе ја уништат опремата.

„Ако не сака да учествува во оваа војна, нека ја отстрани таа опрема и нека ја исклучи“, порача Зеленски, директно обраќајќи му се на белорускиот лидер Александар Лукашенко.

Тој исто така ја обвини Белорусија дека обезбедува логистичка поддршка за руската војска, посочувајќи дека испораките на гориво од Белорусија во Русија значително се зголемиле во првите пет месеци од годинава.

Од друга страна, Лукашенко неодамна изјави дека вклучување на Белорусија во војната е „апсолутно неприфатливо“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK