(Фото) Се асфалтира улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин


simeon-kavrakirov-micurin-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности на една од најзначајните улици во населбата Мичурин – „Симеон Кавракиров“, каде што е во тек асфалтирањето на коловозот и изградба на нови, современи и безбедни тротоари со бехатон-плочки и ниски рабници.


Станува збор за долгоочекуван инфраструктурен проект кој претставува значајна инвестиција во безбедноста, мобилноста и квалитетот на живот на жителите. Улицата, со должина од 485 метри, претставува важна сообраќајна врска низ која секојдневно се движат голем број граѓани, извести Општина Аеродром.

Реконструкцијата опфати целосна обнова на коловозната конструкција, при што се предвидени 3.950 квадратни метри нов асфалт и изградба на 2.305 квадратни метри тротоарски површини со бехатон-плочки.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 22 милиони и 630 илјади денари.

Со реализацијата на овој проект, улицата „Симеон Кавракиров“ добива модерен изглед и значително подобрени услови за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, со што директно се унапредува секојдневното функционирање на жителите на Мичурин, се додава во соопштението на Општина Аеродром.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

(Видео) Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард.