На 17.06.2026 на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници го уапсија од слобода М.Ц.(62) од Кичево.
Со автомобил „шевролет“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, предизвикал сообраќајна незгода и по извршено алкотестирање кај него се измерени 1,56 промили алкохол во крвта, по што е исклучен од сообраќај.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичен законик – „Безобѕирно управување моторно возило“.