Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица, 500.000 евра или повеќе, прашува СДСМ


725767653_4457043227901633_162993769686908198_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од СДСМ упатија прашање до власта колку ги чинеше граѓаните на Македонија прославата на 36. роденден на ВМРО -ДПМНЕ во Струмица.


„300.000 евра? 500.000 евра? Или многу повеќе? Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници? Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета? Додека народот се мачи да врзе крај со крај, додека цените незапирливо растат а сиромаштијата се зголемува, додека економијата тоне ВМРО со народни пари и партиската војска во јавна администрација ја слави безидејноста на своето владеење и изолацијата од ЕУ“, велат од СДСМ.

Од опозицијата обвинија дека нема пари за повисоки плати, нема пари за субвенции за земјоделците, нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за поддршка на младите, нема пари за мерки, нема пари за лекови, пари има само за криминални тендери и луксуз за одлепената од реалност владејачка ВМРО.

„Колку платија граѓаните за Мицкоски да ги слави неуспесите и извештајот на Европскиот парламент за изолацијата на Македонија?“, прашува СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK