Филипче го честита роденденот на ВМРО-ДПМНЕ со пораката „Македонија единствено забрзува кон пропаст“


mickoski-filipche-VMRO-SDSM.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија со ВМРО единствено забрзува кон пропаст, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во Босилово. Филипче посочи дека е лицемерно ВМРО да зборува за некакво забрзување кога цела држава, вклучително и земјоделството, оди надолу, во пропаст.


„Каков врв на лицемерие токму денеска во Струмица, во овој регион, ВМРО, организирана криминална група, слави роденден. Гледам дека се фалат со некој слоган ‘Македонија забрзува’, може да им го честитам роденденот со тоа што Македонија забрзува со нив единствено кон пропаст“, рече Филипче.

На средбата со земјоделците, Филипче нагласи дека власта го довела земјоделството до пропаст. Филипче вели дека исплатата на субвенциите доцни, а дополнително земјоделците се соочени со екстремно ниски откупни цени за производите.

„Наместо да се даде поддршка на луѓето кои што ја хранат земјата, наместо да се даде поддршка на луѓето кои што може да го зајакнат секторот земјоделство и да бидеме главни извозници на храна и да го храниме целиот регион, ние сме соочени со тоа што целиот сектор земјоделство во државата изумира. Земјоделците нема да работат повеќе поради тоа што никој не води грижа за нивните големи трошоци кои се екстремно високи, за нивните ниски откупни цени, едноставно луѓето не можат да преживеат“, рече Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK