Уште една убавица од ријалити шоуто, Клои Кардашијан, беше во центарот на вниманието со нејзината сестра Ким додека беа во Монако бодрејќи го Луис Хамилтон.
Како и обично, секогаш кога се појавуваат Кардашијанки, сигурно нема недостаток од негативни коментари. Па така, присуството на Ким на трката во Формула 1 беше главна тема, а Клои сега се погрижи малку да го одвлече вниманието од тоа.
View this post on Instagram
Таа објави фотографија на социјалните мрежи на која позира во краток розов латекс фустан, а таа брзо собра бројни коментари и лајкови.
View this post on Instagram
Изданието го дополни со модерни влечки со високи потпетици со проѕирни ПВЦ ремени, а речиси никој не можеше да го тргне погледот од нејзините долги нозе.
View this post on Instagram
Слични фотографии објави и Ким, сестрите позираа заедно на луксузна јахта и така го завршија својот краток одмор во Монако, без оглед на сите негативни коментари што ги следеа.
„Изгледаш како кукла Барби“, „Жената од моите соништа“, „Толку згодна“, „Розовата боја ти стои совршено“, „Прекрасна“, беа само дел од реакциите.