Една од најпознатите бразилски модели, Алесандра Амбросио, ги сруши социјалните мрежи со серија фотографии во бикини, но не било какви бикини, туку модел во боите на бразилското знаме, па фаталната убавица ги поддржа фудбалерите на Светското првенство на овој начин.
Покрај тоа, Алесандра го држеше и бразилското знаме, па сите фанови на оваа репрезентација не можеа да имаат подобар поглед за уживање.
View this post on Instagram
Илјадници воодушевени реакции се наредија под нејзината објава, а ова не е прв пат убавата Алесандра гордо да го истакне своето потекло.
Иако изгради завидна кариера, стана ангел на Викторија Сикрет и воодушевува со својата убавина на секој чекор, Алесандра никогаш не ја заборавила земјата од која доаѓа. Со овој гест, таа дополнително „купи“ фанови, а освен тоа, нејзиниот изглед повторно ги воодушеви сите.
View this post on Instagram
Алесандра Амбросио има 45 години, но тоа не ја спречува сè уште да биде во врвна форма и да им покаже на своите многу помлади колешки дека сè уште не е подготвена да го „предаде тронот“.